Во Лос Анџелес синоќа се одржа доделувањето на филмските признанија „Actor Awards“, кои претходно беа познати како награди „САГ“, а на настанот присуствуваа најголемите холивудски ѕвездите и ѕвездите на најистакнатите филмови од изминатата година.
Сепак, кога се појавила руската манекенка Ирина Шајк, малкумина зборувале за славните актерки.

Познатата убавица прошетала по црвениот килим во издание инспирирано од стариот Холивуд, кое потсетува на гламурот од златната ера на филмот и првата половина на 20-от век.
Ирина за оваа пригода, како што често прави во изминатите години, избрала целосно црна модна комбинација од глава до пети, а се појавила во скулптуриран фустан кој ѝ ги нагласил сите облини.


Нејзиниот избор бил фустан со корсет со срцевиден и многу длабок изрез, кој се спушта под градите, додека колковите се проширени, а фустанот потоа паѓа до подот, откривајќи ги нозете преку широк шлиц.

Така нејзината фигура била нагласена, но токму толку колку што треба за да остане во рамките на добриот вкус, а фустанот имал и кратка опашка.


Манекенката изгледот го комплетирала со ефектни долги ракавици и црни салонки, што одлично се вклопило со црната коса пуштена низ грбот и раскошниот црвен кармин.