[ВИДЕО] Вон ја напушти болницата во инвалидска количка, откри шокантни детали: „Едвај ми ја спасија ногата“

Точка

25/02/2026

14:10

661

Големина на фонт

а а а

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон откри дека за малку ќе ја изгубела левата нога по застрашувачкиот пад во женскиот спуст на Олимписките игри во Милано и Кортина.

Вон, за среќа, ја напушти болницата, што претставува прв позитивен чекор по стравичната несреќа и шесте операции што ги помина потоа. Сепак, сè уште не е пуштена дома, туку ќе биде сместена во хотел во близина.

„Сè уште не е дома, но е огромен чекор“, вели Вон, која објасни колку била тешка ситуацијата и му се заблагодари на докторот Том Хакет.


„Кога имате толку голема траума на еден дел од телото, има премногу крв и таа се задржува, и во основа сè здробува. Тој ја расече за да ѝ овозможи да ‘дише’ и ми ја спаси“, изјави Вон, додавајќи дека има среќа што Том Хакет бил со неа, а не би бил таму доколку претходно немала повреда на вкрстените лигаменти пред Олимписките игри.

„Да не го направев тоа, Том немаше да биде таму (и немаше) да може да ми ја спаси ногата“, изјави 41-годишната Американка.

Сега ѝ претстои период на рехабилитација и одредено време ќе мора да користи инвалидска количка. Таа вели дека во наредните неколку недели планира да премине од количка на патерици.


„Сега ќе се фокусирам на рехабилитацијата и напредокот од инвалидска количка до патерици во наредните неколку недели. Ќе биде потребна една година сите коски да зараснат, а потоа ќе одлучам дали сакам да го извадам целиот вграден метал или не, па повторно да одам на операција и конечно да го решам проблемот со предниот вкрстен лигамент“, заклучи Вон.