Официјално: Мбапе нема да конкурира за настап против Бенфика

Дерби

25/02/2026

13:28

259

Големина на фонт

а а а

Француските и шпанските медиуми рано утрово пренесоа дека Килијан Мбапе речиси со сигурност нема да игра против Бенфика оваа вечер на „Сантијаго Бернабеу“, а на неколку часа пред реванш баражот во Лигата на шампиони, пристигна и официјална потврда од Реал Мадрид.

Алваро Арбелоа како тренер на првиот тим добил препорака од лекарите целосно да го поштеди Мбапе, на кого во изминатите 24 часа повторно му се активирал проблемот од почетокот на месец јануари.

Килијан поради проблеми со левото колено имаше симболичен настап на шпанскиот Суперкуп, па иако се реактивираше и играше во изминатиот период, сега добил препорака да каже „стоп“.

Новите непријатности во коленото претставуваат преголем ризик од претрпување потешка повреда, а поради тоа, Килијан вечерва нема да се најде ниту на клупата.

Иако постоеја мали шанси да конкурира како резерва, Арбелоа одлучи напаѓачот воопшто да не биде дел од тимот, што значи дека средбата ќе ја гледа од трибини.