За оние што сакаат да си го продолжат животот неколку години, еден истакнат научник предлага изненадувачки едноставно и достапно правило: јадете помалку. Доктор Силвио Гаратини, 97-годишен онколог, верува дека јадењето помалку може да биде основа за подолг живот и подобро здравје во староста.
Во интервју за „Менс хелт“, онкологот рекол: „Ако јадете 30 отсто помалку, живеете 20 отсто подолго“, и со тоа го истакна ограничувањето на калориите како важен елемент на долговечноста“.
Тој исто така нагласува дека позитивните животни навики не само што му помагаат на поединецот, туку и го намалуваат товарот врз семејството и здравствениот систем, бидејќи многу хронични болести се поврзани со лошата исхрана и седечкиот начин на живот, пишува „Дејли експрес“.

Умереноста и квалитетот на хранливите материи се клучни
Кога станува збор за исхраната, Гаратини се залага за балансирана исхрана без вишок, со разновидност за да се обезбедат потребните хранливи материи.
„Разновидноста значи да се јаде по малку од сè за да се добијат микро и макронутриенти што ни се потребни“, објаснил доктор Силвио Гаратини, додавајќи дека умереноста е подеднакво важна како и квалитетот на храната.
Иако трендови како повременото постење се популарни, Гаратини тврди дека не е важно кога јадеме, туку колку јадеме вкупно.

„Некои студии не покажаа никаква разлика помеѓу оние што јаделе слободно и оние што чекале 10 до 12 часа помеѓу оброците. Важно е да се јаде малку“, истакнал онкологот.
Според таа логика, без разлика дали јадеме три или пет оброци на ден, клучот е умереноста и квалитетот на хранливите материи, а не времето на оброците.












