Меланија Трамп, првата дама на САД, пред неколку дена влегла во историјата.
Имено, таа го донирала својот инаугуративен фустан од 2025 година на Националниот музеј на американската историја „Смитсонијан“ и со тоа станала првата сопруга на американски претседател по повеќе од 100 години која во оваа престижна колекција има дури две фустани.
Меланија прокоментирала дека тоа е неверојатно, а со овој чин нејзиниот фустан му се придружил на нејзиниот прв инаугуративен фустан од 2017 година.

Последната жена на која ѝ успеало тоа била Ида Мекинли кон крајот на 19 век.
Колекцијата на првите дами, основана во 1912 година, денес брои речиси 1.000 предмети, а ја сочинуваат и креации што ги носеле Мери Линколн, Џеки Кенеди и Мишел Обама.

Фустанот што Меланија Трамп неодамна го донирала го креирал нејзиниот долгогодишен соработник Херв Пјер.

Станува збор за креација без прерамки која на прв поглед делува воздржано и елегантно. Црни свилени ленти ја следат линијата на телото и кулминираат со графички детаљ на градите.

„Ова се повеќе од 50 години образование, искуство и мудрост, вткаени во секоја нишка, секој шев и секој остар раб“, изјавила Меланија.
„Внимателно обликуваната црна буква Z на предната страна повикува на децении од моите рани спомени, животни искуства и влијанија. Сите тие приказни се длабоко скриени во нејзините остри, силни шевови – засекогаш“, накратко го прокоментирала впечатливиот црн детаљ на горниот дел од фустанот.

Интересно е што за оваа пригода Меланија избрала модна комбинација што не е баш карактеристична за првите дами.


Имено, таа се појавила во темен капут со двојно закопчување од Ботега Венета, а под него носела црна ролка.
Долниот дел го сочинувале тесни кожени панталони, а изгледот го заокружила со високи чизми од Кристијан Лобутин.