[ФОТО] Од Шакира преку Волфганг до Роналдо: Ова се најнеобичните и најретки имиња во Македонија

Точка

24/02/2026

12:00

873

Големина на фонт

а а а

Во Македонија, покрај традиционалните и најчесто застапени имиња, постојат и многу необични, ретки и уникатни имиња што привлекуваат внимание со својата звучност, значење или потекло.

Некои од нив се инспирирани од старословенската традиција, други од странски јазици, митологија, природата или модерните трендови. Токму тие имиња се новитет и претставуваат индивидуалност во матичните книги и често оставаат силен прв впечаток.

Според листата на најретки и најнеобични имиња која на Инстаграм ја објави „Женски магазин“, во Македонија можат да се сретнат женски имиња како Арија (6 пати се сретнува како име, според податоците од Државен завод за статистика заклучно со 2023 година), Пола (6) и Августина (7).


Едно од поинтересните имиња е Кина (10) како и Шакира (18), по познатата колумбиска пејачка, а на листата се најдоа и Синоличка (11) и Сакине (28).

Од машките имиња се издвојуваат Волфганг (6), Кристијано (6), како и Лионел (11) и Роналдо (15), имиња очигледно инспирирани од славните фудбалери Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Листата ја дополнуваат Исток (9), Каи (22) и Ахил (70).

Во коментари можат да се сретнат уште некои интересни имиња за кои луѓето пишувале како Нолан и Анакин, Веран, Јустина, Будимка, Никодимија и Елисеја, Диоген...