На интернет циркулира видео од тројца млади кои, како што велат, е снимено на Тајланд.
„Се сретнаа Србин, Хрват и Црногорец на Тајланд“, почнува приказната речиси како шега. Потоа објаснуваат дека подмитиле диџеј за да им ја пушти во клубот во Бангкок песната „Тајланд“, изведена од српскиот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста.
Милион прегледи
Видеото за неколку недели собра повеќе од милион прегледи, како и илјадници лајкови и коментари.
„Непријатели дома, браќа во странство. Уживајте“, „Така ние го натеравме возачот во Бангкок да ни ја пушти Северина“, „Само љубов“, „Овие знаат за животот“, „Секој респект, еднаш се живее“, „На Тајланд е лудница“ – се само дел од коментарите. Потоа некој се пошегува: „Го пуштиле Раста, па ниту Тајланѓаните, ниту тие не разбираат што пее.“






