Делoвен собир во чест на Пеце Стојановски - Стентон– продолжување на традицијата за регионален развој

Точка

23/02/2026

14:22

196

Големина на фонт

а а а

На 19 февруари 2026 година, по иницијатива на претставници од бизнис секторот и во соработка со Регионалната стопанска комора од Битола, предводена од претседателот Мирко Велковски, се одржа деловен собир во чест и продолжение на традицијата воспоставена од Пеце Стојановски – Стентон – реномиран и успешен бизнисмен кој остави длабока и трајна трага во економскиот развој на битолскиот регион.

Продолжување на визијата на Пеце Стојановски - Стентон

Собирот се одржа како дел од претходно востановената практика на Пеце Стојановски - Стентон за организирање формални и неформални средби со цел вмрежување, размена на идеи и иницирање конкретни чекори за напредок на регионот. Неговата визија за обединување на бизнис заедницата и институциите во насока на заеднички развој и просперитет продолжува да живее и да се реализира преку вакви иницијативи.


Настанот се одржа во Gold Felicia Битола, каде со свој активен придонес се вклучија КС Групација, Mint Fint Tech, Стентон Градба, Ве Милк, како и други значајни компании од регионот.

Високо ниво на застапеност од бизнис и институционалниот сектор

На собирот присуствуваа претставници на поголеми компании од Битола и Пелагонискиот регион, кои активно учествуваат во општествено-економскиот развој. Традиционално, на вакви средби беа присутни сопственици, директори и менаџери од бизнис секторот, претставници на јавни претпријатија, акционерски друштва и едни од најголемите работодавачи во регионот.


Со своето присуство настанот го удостоија и градоначалниците на општините од регионот, давајќи јасен сигнал за важноста на партнерството помеѓу локалната самоуправа и бизнис заедницата. Присутен беше и претседателот на Регионалната стопанска комора од Прилеп, Никола Мариновски, со што дополнително се потенцираше регионалниот карактер и значење на настанот.

Признание во чест на Пеце Стојановски - Стентон

Во рамки на собирот беше доделено посебно признание во чест на Пеце Стојановски – Стентон за неговиот особен придонес во развојот на бизнис климата и економскиот напредок на битолскиот регион. Признанието им беше врачено на неговите синови, како симбол на почит кон делото, визијата и вредностите што тој ги вгради во локалната бизнис заедница.


Порака за заедништво и развој

Настанот уште еднаш ја потврди важноста од континуиран дијалог, соработка и координирано делување помеѓу бизнис секторот и институциите. Во духот на традицијата што ја воспостави Пеце Стојановски - Стентон, присутните ја истакнаа потребата од заеднички иницијативи и конкретни чекори кон посилен, поконкурентен и економски стабилен Пелагониско - Преспански регион.