АПСЕЊЕ НА ГРАНИЦА: Артан Груби приведен на Блаце по меѓународна потерница!

Макфакс

23/02/2026

08:37

3.758

Големина на фонт

а а а

Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби утрово е уапсен на граничниот премин Блаце при влез во државата, откако по него била распишана меѓународна потерница. Според Министерството за внатрешни работи, тој се товари за злоупотреба на службената положба во истрага поврзана со Државната лотарија. Предметот опфаќа и други осомничени, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.

„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.


Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.