[ВИДЕО] Артан Груби приведен на Блаце, веќе е спроведен во Шутка – ќе се појави пред обвинител

A1ON.MK

23/02/2026

11:27

1.432

Големина на фонт

а а а

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој утрово беше приведен на граничниот премин „Блаце“ по враќањето во земјава, е спроведен во притворското одделение во „Шутка“, потврдија од МВР.

За Груби претходно беше определена мерка 30-дневен притвор во отсуство, бидејќи не им беше достапен на органите на прогонот. По приведувањето, тој е пренесен во Истражниот затвор „Скопје“, познат како „Шутка“.

Од Основно јавно обвинителство Скопје информираат дека во текот на денот ќе следуваат дополнителни информации околу понатамошниот тек на постапката и неговото изведување пред јавен обвинител.

Груби, заедно со поранешниот директор на Државна лотарија Перперим Бајрами, е осомничен во предмет што се однесува на наводни проневери при набавка на ВЛТ апарати. Истрагата ја водат надлежните обвинителски органи.