Арне Слот ја тера втората сезона на кормилото на премирлигашот Ливерпул, сезона која е турбулентна и постои можност да биде и негова последна без разликата на тоа што во натпреварувачката 2024/2025 беше комплетирана со пехар во шампионатот.
Холанѓанецот доби одврзани раце во летниот преоден рок, се потроши огромна сума на пари, меѓутоа резултатите ги нема пред се во Премиер лигата каде екипата не само што е далеку од одбрана на пехарот, дури и виси за позиците кои водат во Лигата на шампионите во следната кампања.
Иднината на Арне на „Енфилд Роуд“ зависи од тоа што ќе се случи во наредниве месеци, нешто за што говореше и легендарниот Вејн Руни кон воедно смеа дека сегашниот предводник нема аура да биде менаџер на Ливерпул.
-Чудно е, нели, кога зборувате за тоа како Слот е на аудиција за да ја задржи работата кога очигледно неодамна ја освои Премиер лигата. Го имам сретнато неколку пати, но едноставно не мислам дека за Ливерпул има таква аура – и можеби тоа е затоа што Јирген Клоп го напушти Ливерпул – тешко е за било кој тоа да го направи, но едноставно не мислам дека има таква аура кај него, -вели Вејн и додава:
-Разговарав со менаџери и знам дека понекогаш можат да бидат тешки, но ако не ги однесе меѓу првите пет во Премиер лигата, сигурно ќе си замине. Лудо е да се каже кога штотуку ја освои Премиер лигата.
-„Ако го погледнете Ливерпул од минатата сезона до сега, Салах и Ван Дајк не беа на најдоброто ниво. Потоа го имате Трент [Александер-Арнолд] кој недостасува, Робертсон не одигра многу натпревари, Луиз Дијаз [лево] и ситуацијата со Жота. Дури и Дарвин Нуњез донесе нешто, не беше одличен, но донесе нешто. Ливерпул изгуби многу играчи, па затоа е еден вид период на реконструкција, -смета легендарниот англиски напаѓач.








