Еден од највредните природни лекови насекаде е достапен: Неговата консумација дава бројни придобивки

Точка

18/02/2026

09:20

735

Големина на фонт

а а а

Камилицата е позната по смирувачките, антиинфламаторни и антибактериски својства, што воедно ја прави еден од највредните природни лекови.

Нејзините бројни бенефити опфаќаат сè – од поддршка на дигестивниот систем до јакнење на имунитетот и здравјето на кожата. Во продолжение еве зошто вреди да почнете секојдневно да ја консумирате.

Го намалува стресот и анксиозноста

Камилицата дејствува како природен седатив, опуштајќи го нервниот систем. Редовната консумација може да го намали нивото на хормонот на стрес, да го подобри квалитетот на сонот и да помогне при несоница.


Ги олеснува дигестивните проблеми

Чајот од камилица го смирува дигестивниот систем, помага при подуеност, грчеви, рефлукс и други тегоби. Нејзините својства ги релаксираат мускулите на цревата, намалувајќи ја непријатноста од лошо варење или синдромот на иритабилни црева (IBS).


Ги ублажува болките и воспаленијата

Камилицата ги намалува воспалението и болката во мускулите, зглобовите или менструалните грчеви. Топлите облоги или чајот од камилица обезбедуваат природно олеснување.

Го подобрува имунитетот

Богата со антиоксиданти, камилицата го зајакнува имунолошкиот систем и му помага на телото подобро да се бори против инфекции како што се настинки и грип. Некои студии, исто така, укажуваат на нејзините антивирусни својства.


Ги ублажува главоболките

Смирувачките својства на камилицата помагаат кај главоболките предизвикани од напнатост и мигрените, особено оние предизвикани од стрес или анксиозност.

Камилицата е сестран природен лек кој го поддржува здравјето на телото и духот на многу нивоа.