[ФОТО] Убавата актерка се омажи во тајност: Воодушеви со венчаницата, но сите зборуваат за оделото на нејзиниот славен татко

Кармин

16/02/2026

19:56

603

Големина на фонт

а а а

Актерката Маја Хок, позната по улогата на Робин во серијата „Почудни нешта“ (Stranger Things), се омажи за музичарот Кристијан Ли Хатсон на 14 февруари, на интимна церемонија во Њујорк, пренесува „Пипл“.

Хок и Хатсон си го кажаа судбоносното „да“ во присуство на најблиските пријатели и семејството.

Интимна венчавка организираа во Епископалната црква на плоштадот Сајвесант, на Менхетн, а младенците беа фотографирани додека пешачеле по улиците на Њујорк до приватен клуб каде се одржа прославата.


На венчавката присуствуваа и нејзините родители, актерите Итан Хок и Ума Турман. Иако беа во брак од 1998 до 2005 година, поранешните сопружници остануваат во коректни односи. Меѓу гостите беше и нивниот син Левон Роан Турман-Хок.

Свеченоста ја збогатија и бројни колеги од „Почудни нешта“, меѓу кои Фин Волфхард, Гејтен Матарацо, Калеб Меклафлин, Сејди Синк, Наталија Дајер, Чарли Хитон и Џо Кири.

Невестата носеше бела венчаница комбинирана со широк пердувест зимски капут, додека Хатсон се одлучи за класичен смокинг.  Сè уште е непознато чиј бренд го носеше актерката, но се претпоставува дека се работи за Прада, со оглед на тоа што таа е амбасадорка на оваа модна куќа.


Мајката на невестата, Ума Турман (55), комбинирала светло син фустан со чевли во иста нијанса, додека Итaн носел целосно црна комбинација, па многумина се шегувале дека изгледал како да залутал на свадба.


Тие се запознале пред неколку години работејќи на музика. Хатсон минатата година потврди дека се свршени, а во април Хок беше фотографирана со дијамантски прстен на раката. Истата пролет парот за првпат заедно се појави на црвен тепих.

Хатсон, музичар од Њујорк, настапуваше како предгрупа на Фиби Бриџерс на турнеи во 2022 и 2023 година, а учествуваше и на албумот на Хок „Chaos Angel“ од 2024 година.

Во интервју за „Зак Сенг Шоу“, Хок изјави дека најдобро е да бидеш во врска со некој што ти е и пријател.

„Тој ме познава како личност со чувства, а не како празно платно на кое може да ја проектира својата идеја за совршена девојка“, рече актерката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk