Колачот „за возрасни“ е чоколаден и кремаст со вкус што ќе ве воодушеви. Лесно се приготвува, а по 1-2 часа во фрижидерот ќе можете да уживате во неговиот неодолив вкус.
Основни информации:
Кујна: Српска
Време за подготовка: 3 часа
Број на порции: 12
Калории: 550
Состојки:
260 грама брашно
400 грама шеќер
80 грама какао
2 лажички сода бикарбона
1 лажичка сол
2 јајца
180 мл млеко
240 мл масло
240 мл Бејлис (ирски крем)
една лажичка екстракт од ванила
180 мл топла вода
Прелив:
240 мл кондензирано млеко
100 мл Бејлис
150-200 грама чоколадо
Фил:
500 мл слатка павлака
80 грама шеќер во прав
30 грама какао
Подготовка:
Прво изматете ги јајцата и шеќерот, потоа додадете ги сите други состојки, а на самиот крај, прашок за печиво, брашно и сода бикарбона.
Печете во рерна на 200 степени Целзиусови.
Прелијте го испечениот колач со кондензирано млеко во кое сте додале Бејлис и истопено чоколадо.
Направете фил од загреана слатка павлака, шеќер во прав и какао.
Извор: Deda Miletova Kuhinja











