Тиктокерката Еби Буко на својот профил го покажа свршеничкиот прстен, но скапоценото парче накит предизвика лавина од коментари, бидејќи неговиот дизајн навистина потсетува на како што велат корисниците „отворач за конзерви“.
Иако станува збор за француско винтиџ парче од 1950 година, кое го красат дијаманти со 5.85 карати и кое чини околу 20.200 евра, тоа не ги спречи духовитите коментари на корисниците на Тикток на сметка на необичниот дизајн.
Реакциите беа различни, а имаше и такви кои на кои им се допадна изгледот на прстенот. „Заљубена сум“ напиша една корисничка. „Овој прстен е толку кул“, додаде друга, а други истакнаа дека прстенот е „уникатен“ и „посебен“.
Сепак на многумина не им се допадна прстенот. „Тоа е најгрдиот прстен досега“, напиша еден корисник. „Душо, тоа е отворач за конзерви“, се пошегува друг, а една корисничка отишла чекор понатаму па истакнала дека „би го напуштила партнерот доколку тој и подари таков прстен“.
Набргу потоа се огласи и Тиктокерката која истакна дека негативните коментари не ја погодуваат. Таа објасни дека е свесна за невообичаениот дизајн на својот прстен и нагласи дека сакала токму таков да има.









