Љубов и вино во ист ден: Јелена и Ксенија си разменија Wolt изненадувања и ја славеа дружбата

Точка

14/02/2026

14:18

461

Големина на фонт

а а а

14 февруари во Македонија има ретка, убава двојност. Традиционално на денот се одбележува Св. Трифун, празник што кај нас се врзува со лозјето и виното, со симболично „закројување“ на виновата лоза како почеток на новата лозарска година.

Од друга страна е Св. Валентин, ден кој многумина го поврзуваат со љубовта и малите вниманија. Токму таа можност двојно да се прослави еден ден, ја претворија во своја лична приказна пријателките и инфлуенсерки Јелена Спенџарска, водителка и писателката Ксенија Николова.



Зошто и двете го избраа Wolt како партнер кој им помогна да си подготват изненадувања?

„Со апликацијата и љубовта и виното добиваат современ „twist“ и наместо да трчате по продавници и да бркате време, можете да испратите изненадување директно до некој што ви значи, без разлика дали е партнер, пријателка или најдобар другар. Понекогаш, најубавиот подарок е токму тоа, да се појави на врата во вистински момент и да му каже ’Те мислам’“; вели Јелена.



Таа објаснува дека нивното пријателство е од оние што ретко се среќаваат, затоа што секогаш можеш да бидеш целосно свој. „Со Ксенија се знаеме мнооооогу години и таа ми е една од оние пријателки со кои навистина можам да си кажам работи што не можам да ги кажам на другите, а тоа денес е реткост. Таа е личност која навистина ме познава, а нашите разговори се отворени, искрени и без филтри. Нам не ни треба посебен повод за средба. Без разлика дали го славиме Денот на љубовта, Денот на виното или некој најобичен ден во неделата, секогаш знаеме да си направиме забава. Баш ми е драго што сме заедно и овој пат.“


За Ксенија пријателството е нешто на кое посветува внимание и време.

„Со Јелена се познаваме одамна и дружбите ни се секогаш интересни и спонтани, од длабоки разговори до многу смеа и зезање. Иако не чекаме повод, често знаеме да си одбележиме важни денови заедно, некогаш планирано, а некогаш сосем неочекувано, па да се изненадиме една со друга и да си ги наполниме батериите со искрен муабет и смеење до солзи. Пријателствата ни се многу важни на двете и навистина се трудиме да ги негуваме, со присутност, искреност и слатки мали изненадувања“, вели Ксенија.


Во оваа приказна најубавото е што фокусот не е само на романтични гестови, туку на поврзаноста што ја носи пријателството, на вниманијата што не бараат совршен повод и на малите изненадувања што го прават денот посебен, било да наздравувате за љубов, било да наздравувате за бериќетна година во лозјето.

Дека дружбата е момент за паметење погледнете и самите на линкот.

Комерцијален текст