„Таа одлучува кој ќе биде новиот Џејмс Бонд“: Познатиот весник тврди – „ако не те почувствува, готово е“

Точка

12/02/2026

20:30

1.007

Големина на фонт

а а а

Се појавија тврдења дека Лорен Санчез го има клучниот збор при изборот на новиот Џејмс Бонд, но инсајдери за „Daily Mail“ откриваат што е вистината.

Името на новиот Џејмс Бонд веќе со години е една од најголемите мистерии во светот на филмот. Откако Даниел Крејг во 2021 година дефинитивно го соблече смокингот, во оптек се најдоа бројни големи имиња – од Хенри Кавил и Том Круз, преку Џејмс Мекавој, па сè до Арон Тејлор-Џонсон и Калум Тарнер.


И токму кога се чинеше дека трката е отворена за сите, британскиот новинар Роб Шутер предизвика вистински хаос тврдејќи дека конечната одлука – нема да ја донесат продуцентите, туку Лорен Санчез, сопругата на милијардерот Џеф Безос.

„Ако таа не те почувствува – готово е“

Според тврдењата на Шутер, Лорен Санчез наводно станала „тивка сила“ во светот на Бонд откако Безос во 2022 година го презеде „MGM Studios“, кој сега стои зад идните филмови за агентот 007.

„Сега тоа е нејзина одлука. Ако не те почувствува, готово е“, напишал Шутер, додавајќи дека Санчез има многу јасна визија како новиот Бонд треба да изгледа и да делува.

Наводно веднаш го отфрлила младиот австралиски актер Џејкоб Елорди, со коментар дека „не е тоа тоа“, а како идеален Бонд замислува харизматичен и глобално привлечен маж, без „емоционален товар“.


„Daily Mail“ тврди: „Нема никаква врска со изборот на Бонд“

Меѓутоа, набргу пристигна и студен туш. „Daily Mail“, повикувајќи се на извори блиски до продукцијата, ги демантираше сите наводи за нејзина вмешаност.

„Не, таа не го избира следниот Џејмс Бонд. И не, нема да биде Бонд девојка – освен можеби за Ноќта на вештерките“, изјавил еден извор.

Инсајдери тврдат дека Лорен Санчез не е вклучена во ниту еден проект на „Amazon MGM Studios“, иако со години му дава поддршка на сопругот зад кулисите на големите продукции.

Сепак, Лорен Санчез не е целосно непозната во филмскиот свет. Пред две години се пишуваше дека работела на независниот психолошки трилер „The Golden Door“, вреден околу два милиони долари, но проектот на крајот – бил напуштен.