[ФОТО] Свилен, драпиран фустан со потпис на Валентино: Едно од најубавите модни изданија на славната актерка

Точка

13/02/2026

16:23

612

Големина на фонт

а а а

Синоќа се одржа 28-то доделување на наградите на Здружението на костимографи, а актерката Кејт Хадсон доби една од наградите (Spotlight Award), која како што истакна, многу ѝ значи бидејќи во текот на целата кариера имала многу добар однос и соработка со костимографите.

Позната по своите секогаш одлични модни комбинации, холивудската актерка и овој пат сите ги воодушевила.

За оваа пригода, таа носела спектакуларен свилен фустан од Валентино во боја на лаванда, кој како да се разлевал по нејзиното тело.



Се карактеризира со драматичен „cowl“ изрез што го истакна деколтето на актерката, а асиметричните детали со прерамки на едното рамо му додадоа динамика на целиот модел.


Сатенската креација флуидно се спуштала низ телото, создавајќи елегантен А-крој.


Дополнителна доза на драматичност внесоа асиметричните набори на колковите со плисирани детали што додадоа допир на софистицираност.


Исто така актерката синоќа ја покажа и својата нова фризура, ги отстранила долгите руси бранови и сега има боб фризура која фантастично ѝ прилега.


Хадсон носела и спектакуларен дијамантски чокер ѓердан околу вратот, кој совршено се вклопи со фустанот и сандалите што ги носела, а имала и крзнена бунда, исто така дизајнирана од Валентино.