Наполи и Комо одиграа возбудлив четвртфинален натпревар во Копа Италија, а откако регуларниот дел заврши со резултат 1:1, веднаш се пристапи кон изведување на удари од 11 метри.
Пенал рулетот беше доста драматичен и видовме осум серии, а по 16 изведени пенали, како поуспешни испаднаа гостите предводени од тренерот Сеск Фабрегас.
Улогата на трагиачари за Наполи ја имаа Ромелу Лукаку и Станислав Лоботка, додека убедливо најдобри пеналџии од домашниот тим беа Елиф Елмас и Вања Милинковиќ-Савиќ.
Македонецот во петтата серија шутираше за да го остави Наполи во игра за полуфинале и изведе перфектен пенал, а по класа ударот на Елиф, на сцена стапи Милинковиќ-Савиќ.
Голманот на Наполи беше предодреден да ја завршува шестата серија, а тој го изведе убедливо најлудиот пенал и со доста среќа постигна гол. Топката најпрво удри во гредата, потоа се одби од голманот на Комо и заврши во дирекот, за на крајот да заврши во мрежата.
Пеналот на Елмас…
Пеналот на Вања…








