[ФОТО] Живот на швајцарски начин со поглед од милион долари: На продажба вила од соништата со цена што не е за секого

Точка

11/02/2026

12:40

608

Големина на фонт

а а а

На левото крајбрежје од Женевското езеро, моментално на продажба е ставен исклучително луксузен имот.

Вилата е изградена во 2008 година, а во текот на 2025 година целосно била реновирана. Со неа се дава прекрасен поглед кон езерото и планинскиот масив Јура. Цената – вистинска ситница.

Во елитната општина недалеку од Женева, на пазарот се појавуваат посебни недвижнини.


Овојпат станува збор за луксузна вила со спектакуларен поглед кон Женевското езеро и планината Јура. Таков комфор, има и своја цена – вилата е огласена на повеќе платформи по цена од 15 милиони швајцарски франци.

Сето тоа не е ни чудно затоа што оваа општина, според просечните приходи на нејзините жители е најбогата во Швајцарија.

🏡 15 соби, приватно кино, вински подрум...


Вилата располага со вкупно 15 соби. Шест спални соби кои имаат сопствен тоалет.

На парцелата од 1.368 метри квадратни идните сопственици на располагање ќе имаат:

🏡 Приватно кино;
🏡 Фитнес-сала;
🏡 Вински подрум;
🏡 „Инфинити“ базен.

За сончевите денови тука е и „летната“ куќа со бар и зона за јадење, додека пак во гаражата се наоѓа простор за три луксузни автомобили.

Продажбата на оваа куќа ја води женевската агенција за луксузни недвижнини „Rousseau5“ која во огласот особено го нагласува квалитетот на локацијата:

„Вилата се наоѓа во мирен станбен кварт во близина на реномирани приватни училишта“.


Во близина на седиштето на Светскиот економски форум

Келни е познат по престижните имоти, но и како место каде што се наоѓа седиштето на Светскиот економски форум (WEF). Околу тој имот неодамна се водела и политичко-финансиска дебата затоа што основачот на „WEF“ Клаус Шваб (87) сака земјиштето да го подари на Швајцарската конфедерација.

💰 Процена на вредноста: 200 милиони франци.