Ставре Јада заврши на 89. место на спринт трката, нов настап го чека за три дена

Дерби

10/02/2026

13:23

243

Големина на фонт

а а а

Македонскиот скијач Ставре Јада ја имаше својата премиера во Милано/Кортина на третите зимски Олимписки игри од кои е дел, а во конкуренција на 94 натпреварувачи, успеа да го освои 89-то место.

Ставре Јада беше дел од спринт квалификациите и патеката долга 1,6 километри ја заврши за време од 3:59.56, што сепак не беше доволно да оставри пласман во наредните рунди од квалификациите на спринтот во нордиско скијање.

На денешната трка која почна нешто пред 10 часот беа пријавени 95 натпреварувачи, еден беше дисквалификуван, а еден не ја заврши трката, односно не стигна до целта.

За Ставре ова беше загревање за она што следи, односно дисциплината која му е омилена и во која ќе атакува на подобар резултат.

Јада ќе се појави на патеката за три дена, тогаш како дел од трката на 10 километри.