Спалети објаснуваше што е контакт, па ја бакна новинарката додека даваше интервју

Дерби

09/02/2026

12:20

272

Големина на фонт

а а а

Јувентус се спасуваше од пораз против Лацио и извлече реми во самата завршница, но по крајот на дербито кое заврши 2:2, видно нерасполопжен беше Лучијано Спалети.

Искусниот стручњак очигледно не го прифати баш најдобро ремито против тимот на Маурицио Сари, а главна причина за тоа беше недосудениот пенал при резултат 0:0.

Гила стартуваше доста невнимателно и го „собра“ Кабал, па иако постоеше контакт за најстрога казна, судиите проценија дека нема елементи за пенал, или проверка на ситуацијата.

Лацио во продолжение постигна два гола и водеше со 0:2, но Јувентус успеа да се врати и се избори барем за бод, кој сепак е недоволен во очите на Спалети.

Лучијано беше доста нервозен во интервјуто кое го даде за „ДАЗН“, па на крајот од интервјуто, побара дозвола да ја бакне новинарката за сликовито да објасни што е контакт.

– Правилата се премногу крути во овој момент и никој не ја зема во предвид интерпретацијата. Аналитичарите секогаш велат „имаше контакт“, но тоа не мора да значи ништо во фудбалот. Според мене, контакт не мора да значи прекршок или пенал.

– Може ли да ве бакнам? Еве и ова е контакт. Сакам да ми ја сфатите поентата, контактот не е исто што и удар во одреден дел од телото. Ќе имаме многу проблеми ако строго се држиме до правилата, секое ненамерно нагазување треба да биде пенал. Ако се држиме до правилата, требаше да има чист пенал над Кабал, но во дадениот случај не се ни прегледа ситуацијата, – изјави Спалети.