Слот обвини за двојни аршини по поразот од Сити: Судиите не си ја вршат својата работа

Дерби

09/02/2026

14:17

230

Големина на фонт

а а а

Ливерпул загуби од Манчестер Сити на драматичен начин и во ситуација кога прв дојде до водство со евроголот на Доминик Собослаи, но на крајот дербито заврши на најлуд можен начин, односно со поништен гол и покажан црвен картон.

Иако топката заврши во мрежата по ударот од половина терен на Шерки, главниот судија Крег Посон одлучи да го поништи истиот поради турканицата меѓу Халанд и Собослаи, а целата ситуација заврши и со директен црвен картон за Унгарецот.

Оваа одлука на судијата не влијаеше врз конечниот резултат кој беше во полза на гостите (1:2), но Арне Слот смета дека Посон го оштетил неговиот тим при резултат 0:0, кога Мо Салах беше повлече од Марк Геи на работ од шеснаесетникот.

– Можам да живеам со фактот дека судијата се држи до правилникот за црвениот картон на Собослаи, иако воопшто не се согласувам со тоа. Тоа беше чисто влечење за дрес, но противникот постигна гол и никој немаше да се буни ако останеше 1:3, а Собослаи не добиеше црвен картон. Од овој црвен картон задоволен ќе биде само менаџерот на Сандерленд (следниот противник на Ливерпул). Ако веќе стриктно се следи правилникот, требаше да има и црвен картон за Геи, – порача нервозниот Слот, жалејќи се на двојни аршини во судискиот критериум.

– Геи очигледно го повлече Салах за дрес, а во такви ситуации, Мо постигнува гол во 100 проценти од случаите. Осум години постигнува голови во такви ситуации речиси секојпат, а судијата реши да не покаже црвен картон. Секако дека има фрустрација од моја страна, судиите треба да си ја вршат својата работа, а не го прават тоа, – изјави Слот.