Пеп не можеше да поверува што гледа на „Енфилд“, па почна да го имитира и Донарума

Дерби

09/02/2026

14:15

280

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола се прикажа во светло на фудбалски фан во самата завршница од дербито на „Енфилд Роуд“, бидејќи во неколку ситуации се држеше за глава и не можеше да поверува што гледа на теренот.

Откако Сити направи пресврт и поведе со 1:2 со голот од пенал на Халанд, гостите можеа да го решат прашањето околу победникот со контрата на Аит Нури, но откако не се случи тоа, домаќините добија шанса за израмнување.

МекАлистер биеше и топката незгодно се одби во дадената ситуација, но одлично поставениот Донарума спречи чист гол и покажа класа во дадената ситуација.

Италијанскиот голман се испружи колку што е долг и со десната рака не дозволи израмнување, потег кој не остана незабележан и од Пеп.

Во моментите кога се фаќаше за глава, Гвардиола режираше и вирална сцена, такашто ја измитира во празно одбраната која ја имаше неговиот голман.