Арбелоа: Мислевме дека нема да видиме ништо слично на Кристијано, но…

Дерби

09/02/2026

12:15

279

Големина на фонт

а а а

Алваро Арбелоа предупреди дека гостувањето на „Месталја“ ќе биде тешко и голем предизвик за неговите фудбалери, но главната цел беше остварена и Реал Мадрид ја продолжи серијата победи во Ла Лига.

Иако долго се мачеше да го скрши отпорот, погодокот на Алваро Карерас го отвори патот до победа, а истата беше потврдена од Килијан Мбапе во судиското продолжение.

Французинот ја продолжи својата гол-серија оваа сезона и останува убедливо најдобар стрелец во Ла Лига, но поради фактот што има биланс од речиси еден погодок по натпревар, Килијан се почесто е споредуван со Кристијано Роналдо.

– За Килијан веќе ни недостасуваат суперлативи. Мислевме дека нема да видиме ништо слично на Кристијано Роналдо, но сега изгледа дека Мбапе оди по истиот пат, – изјави Алонсо, кој даде посебно значење на победата на „жешкиот“ терен во Валенсија.

– Знаеме дека одењето на „Месталја“ е како одење на стоматолог. Знаевме дека публиката ќе притиска, но и дека тие ќе имаат многу мотив за игра поради ситуацијата на табелата. Куртоа немаше ниту една одбрана и успеавме добро да го исконтролираме мечот, – изјави Арбелоа.