„Оние што немаат деца мора да бидат казнети“: Шокантна изјава на политичар, бурни реакции низ целата земја – Ова е удар врз жените

Точка

06/02/2026

17:39

485

Големина на фонт

а а а

Мет Гудвин, кандидат на партијата „Reform UK“ за претстојните дополнителни избори во изборната единица Гортон и Дентон во Велика Британија, изјавил дека лицата кои немаат деца треба дополнително да се оданочуваат – како вид казна, пишува британскиот „Индипендент“.

Во предлогот што многумина го споредија со дистопискиот роман „Приказната на робинката“ фиктивна драма во која жените се принудени да раѓаат деца за да се одговори на кризата со наталитетот – Гудвин предложил воведување т.н. „негативен данок на детски додаток“ за „оние кои немаат потомство“.


Иако таквиот данок финансиски би влијаел и врз мажите и врз жените, тој несразмерно повеќе би влијаел врз жените, бидејќи врз нив дополнително би го префрлил притисокот да забременат, за двата пола да избегнат плаќање на тој данок.

Гудвин, исто така, на својот блог предложил владата да „го укине данокот на доход за жените кои имаат две или повеќе деца“. Политичарот предложил и доделување земјиште за „поевтини семејни куќи“ и „давање приоритет на британските семејства при изградба на нови станбени објекти“.


„Сето тоа се работи за кои би можеле да расправаме и да ги развиваме токму сега во Британија, каде распадот на семејството не само што стана неизбежен, туку има и многу реални и многу негативни последици врз земјата“, напишал тој.


Заменичката на лидерот на лабуристите, Луси Пауел, изјави за „Индипендент“ дека предлогот би „казнил милиони жени и би им го одзел основното достоинство – да избираат“.

„Големата идеја на Гудвин е толку апсурдна што би можела да се прости само ако помислите дека ова е нешто од „Приказната на робинката“, истакнала таа.

Гудвин, потсетува британскиот портал е познат и по своите ставови против мигрантите. Мет Гудвин, кој е професор по политикологија, станал познат на пошироката јавност кога во 2017 година изел страници од својата книга за Брегзит.