Ова е најздравата запршка без брашно: Го згуснува јадењето, не дуе, не дебелее и не е тешка за варење

Точка

05/02/2026

16:15

817

Големина на фонт

а а а

Нашите баби со децении подготвувале оброци во кои додавале класична запршка, меѓутоа, многу од луѓето денеска потешко ги поднесуваат таквите јадења затоа што можат да предизвикаат надуеност, па затоа постои феноменална замена која се чини дека дава подобар вкус на јадењето.

Како се прави најздравата запршка без брашно?

Имено, може да се земе дел од зеленчукот или мешунките од јадењето кое сакаме да го згуснеме, да го испасираме и да го вратиме назад во тенџерето. Оваа метода е погодна за варивата од грав.


Густината може да ја даде и сварен зеленчук којшто содржи скроб, како што е компирот или морковот, така што ќе се изрендаат и ќе се додадат во јадењето при готвење.

За варивата одлични се и житарките, како ориз, јачмен, просо кои испуштаат слуз. Како згуснувач на јадењата може да послужат и овесните снегулки.

Негативната страна на класичната запршка

Негативната страна на запршката е тоа што со неа го збогатуваме јадењето со калории кои во најголем дел содржат масти. Исто така јадењето направено со запршка потешко се вари отколку јадењето во кое нема запршка.


При пржење на масло на висока температура, молекулите скроб се „обвиени“ со масло и системот за варење мора да се мачи за да ги разгради. Поради тоа запршката кај некои луѓе може да предизвика надуеност, тегоби во желудникот, дијареја и слично.