Филмот „Оркански височини“ конечно пристигнува, а пред да се појави во кината, екипата го претставува на премиери ширум светот, па така вчера на ред беше првата проекција во Франција.
Марго Роби, која драстично го променила стилот за промоцијата на овој филм, изгледала вообичаено феноменално и на премиерата во Париз, а странските медиуми пишуваат дека личела на аристократка од викторијанската ера.


Австралиската актерка, која ја игра главната женска улога во „Оркански височини“, пристигнала на црвениот килим во фустан со потпис на модната куќа Шанел. Станува збор за класичен балски фустан, раскошен модел во бордо боја, со тенки прерамки и деколте, чиј долен дел е драматично драпиран преку белото подздолниште.

Посебна магија, допир на ретро стил и префинетост му дава кадифето, кое секогаш е актуелно во зимската сезона, а Роби носела и подеднакво импресивен накит.

Околу вратот на една од најубавите актерки на планетата блеснал чокер од јувелирската куќа „Lorraine Schwartz“, изработен од црвено кадифе во иста нијанса како и фустанот, со скапоцен дијамант во средината.
Станува збор за масивен дијамант во боја на шампањ, од дури 85 карати, кој модните портали го опишуваат како „nude“, односно „гол дијамант“, поради неговата топла, неутрална боја.


Тој бил опкружен со прстен од ситни дијаманти, а под него висел уште еден крупен, во форма на солза, а целокупниот ѓердан има повеќе од 100 карати.