Надал му најде една голема забелешка на Алкарас: Мене воопшто немаше да ми се допадне таква изјава

Дерби

03/02/2026

12:26

329

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас ја освои својата прва титула во Мелбурн и стана најмладиот тенисер кој ги компелтирал трофеите на четирите најважни турнири во светот, подвиг кој го реализираше со голема победа во финалето со Новак Ѓоковиќ.

Карлитос се враќаше од сет негатива и со пресврт славеше со 3:1, а во моментите кога испиша тениска историја, не заборави да им даде значење и на луѓето во својот тим.

По крајот на церемонијата и сумираните први впечатоци, Алкарас на прес-конференцијата говореше за значењето на неговиот брат и тренерот Самуел Лопез, но во целата конверзација не го спомена човекот кој седум години работеше со него, Хуан Карлос Фереро.

Светскиот рекет број еден ја апострофираше извонредната работа на Саму, но фактот што не го спомена доскорешниот прв тренер воопшто не му се допадна на Тони Надал.

– Добро е тоа што Алкарас му дава големо значење на Саму Лопез, но мораше да се потсети и на Фереро кој заврши неверојатна работа изминатите седум години. Ова не е резултат на работа од само два месеци. Не знам како заврши односот меѓу Алкарас и Фереро, но кога Карлос ја даде изјава, ми изгледаше малку лошо.

– Убеден сум дека Саму завршил навистина добра работа изминативе два месеци, но Алкарас не смееше да ја заборави работата на Фереро. Мене воопшто немаше да ми се допадне да слушнам таква изјава од Рафа, да кажува такви работи за Карлос Моја набрзо по нашиот прекин на соработката, – објаснува Тони Надал.