Докторката Тулси открила дел од разговорот со свој 103-годишен пациент којшто открил во што мисли дека е тајната на долговечноста.
Сите луѓе би сакале да имаат долг, среќен и здрав живот, па така во текот на животот се трудат да најдат совршен баланс. Би требало здраво да се храниме, доволно да спиеме, да имаме редовна физичка активност и секако да го негуваме својот дух, да бидеме исполнети и среќни.
Здравиот начин на живот освен храната и квалитетниот сон, вклучува и елиминирање на стресот, како и престанување или намалување на консумирањето алкохол.

Но, не е секогаш лесно да ги избалансирате овие фактори. И додека многу од научниците во текот на последните години се обидуваат да ја најдат тајната на долговечниот живот и оптималното здравје, изгледа дека д-р Тулси, заменичка на лекарите од брза помош, во тоа успеала.
Таа на социјалната мрежа ТикТок објавила видео во кое открила што ѝ признал пациент којшто има 103 години. Таа го прашала пациентот што верува дека би можело да биде тајната на неговиот долг живот.
„Која е твојата тајна?“, прашала д-р Тулси, а тој одговорил нешто на што можеби не би помислиле на прв поглед и не би го поврзале со долговечноста.
„Да имате пријатели“.
Иако постојат многу фактори поврзани со долговечноста, Националната здравствена служба признава дека квалитетните односи можат да им помогнат на луѓето да живеат подолго и посреќно.
Веб-страницата Национална здравствена служба на Англија, објаснува:
„Да имате блиски, позитивни односи, може да ви даде и чувство на припадност.

Осаменоста и изолацијата остануваат клучни причини на лошото психичко и физичко здравје. Низа студии покажале дека недостатокот на добри односи и долгорочно чувство на осаменост поврзани се со повисока стапка на смртност, лоши физички здравствени исходи и пониско задоволство во животот.
Пријателите исто така играат голема улога во вашето општо здравје. Возрасните со јаки друштвени врски имаат помал ризик од многу здравствени проблеми. Тоа вклучува депресија, висок крвен притисок и нездрава тежина. Всушност, студиите покажале дека постарите возрасни кои имаат блиски пријатели и здрава општествена поддршка имаат поголема веројатност да живеат подолго од своите врсници кои имаат помалку пријатели“, пишува на сајтот на клиниката „Мејо“.











