Не занемарувајте ги овие промени во устата: Можат да укажуваат на недостаток на витамин Б12

Точка

03/02/2026

19:14

487

Големина на фонт

а а а

Иако повеќето луѓе ги внесуваат потребните витамини и минерали преку исхраната, понекогаш на организмот сепак може да му недостига одреден нутриент.

Во такви ситуации телото често испраќа сигнали, а некои од нив можат да се појават токму во усната празнина.

Витаминот Б12 има исклучително важна улога во организмот бидејќи придонесува за здравјето на крвните и нервните клетки и спречува развој на анемија – состојба што често се манифестира со хроничен замор, слабост и општ пад на енергијата. Иако трпнењето во екстремитетите, заморот и необјаснивото губење телесна тежина се чести показатели за овој недостаток, постојат и знаци што лесно може да се забележат во устата.


Еден од симптомите може да биде воспален, болен и црвен јазик, познат како глоситис. Кај оваа состојба јазикот може да ја промени бојата и обликот, да стане отечен и изразито чувствителен.

Покрај тоа, поради воспалението површината на јазикот може да изгледа невообичаено мазна, бидејќи исчезнуваат ситните испакнатини што содржат вкусови папили. Друг знак на кој треба да се обрне внимание се афтите, односно болните чирчиња што се појавуваат во устата.


Недостатокот на витамин Б12 може да доведе до анемија, а еден од придружните симптоми на таа состојба е и ослабено чувство за вкус. До недостиг на овој витамин најчесто доаѓа поради неправилна или недоволно разновидна исхрана. Намирници како месо, риба и млечни производи се богати со витамин Б12, па лицата што ретко или воопшто не ги консумираат се изложени на поголем ризик.

Анемијата предизвикана од недостаток на витамин Б12 најчесто се лекува со инјекции, а при сомнеж за недостиг се препорачува консултација со матичен лекар. Крвната анализа може прецизно да го утврди нивото на витаминот и да помогне во одредување на соодветна терапија.