Нова бомба од НБА: Харден ги напушта Клиперс?

Макфакс

03/02/2026

11:55

177

Големина на фонт

а а а

Американските медиуми јавуваат дека Џејмс Харден би можел да ги напушти редовите на Лос Анџелес Клиперс. Тамошни истакнати новинари пренесуваат дека „Брадата“ би можел да заврши во Кливленд.

Во тек е финишот на периодот за трејдови, а наводно Клиперс во замена би требало да го добијат 26-годишниот плејмејкер Дариус Гарланд. Според наводите, преговорите траат со недели, а се додава и дека во Лос Анџелес не сакаат лесно да се откажат од Харден.

Според информациите на Шемс Чарнија, новинар на ЕСПН, Харден би можел во наредните денови лесно да го добие својот шести тим во најсилната кошаркарска лига во светот. Сè ќе биде познато во следните два дена, кога завршува рокот за размена на играчи во НБА.

Се очекува уште еден голем трејд, со оглед на тоа што Јанис Адетокумбо речиси сигурно ќе го напушти Милвоки Бакс.