Ливерпул потврди трансфер вреден 70 милиони евра во завршницата на зимскиот преоден рок

Дерби

03/02/2026

11:30

157

Големина на фонт

а а а

Ливерпул потроши повеќе од 500 милиони евра во летниот преоден рок за значително да го засили тимот кој го води Арне Слот, па сосема беше јасно дека „црвените“ ќе бидат доста повлечени во зимскиот преоден рок.

Актуелниот англиски шампион не повлече ниту една значајна операција во јануари, но на крајот на зимскиот преоден рок, сепак осигура прво засилување за наредното лето.

Во самата завршница на зимскиот трансфер пазар, Ливерпул потврди дека постигнал апсолутен договор со Рен за трансфер на Жереми Жаке, талентиран стопер за кој клубот од „Енфилд Роуд“ издвои неверојатни 70 милиони евра.

Непосредно пред полноќ, Ливерпул ја информираше јавноста дека операцијата е приведена до самиот крај, а воедно активиран е и трансферот во кој е вклучена интересна клаузула.

Ливерпул го отстапува Жаке на Рен до крајот на актуелната натпреварувачка сезона, па младиот 20-годишен дефанзивец ќе му се приклучи на првиот тим наредното лето.