Касемиро доби низа критики од англиската јавност во период од две години, но сега во фаза кога Бразилецот ги игра завршните натпревари во Премиер лигата, мислењето за играта на ѕвездата на Манчестер Јунајтед го промени и Џејми Карагер.
Легендата на Ливерпул му испрати брутална порака на Касемиро во месец мај пред две години, а бидејќи Касемиро успеа да се врати во најдобар ритам и да биде извонреден во поставата на Мајкл Карик, Џејми реши да ја признае грешката и да го апострофира одличниот период на Бразилецот.
– Напушти го фудбалот, пред тој да те напушти тебе. Фудбалот го напушти Касемиро, – гласеше бруталната изјава на Карагер, која сега самиот реши да ја измени по брилијантната форма на Бразилецот која вчера кулминираше со гол и асистенција во победата над Фулам.
– Нема сомнеж дека се врати и тоа треба да се признае. Фер е да се каже дека фудбалот не го напушти Касемиро. Гледајќи го какво влијание имаа оваа сезона во Премиер лигата, тој изгледа како целосно друг играч на теренот.
– Касемиро сега има право да ми возврати и да ми порача „Напушти го стручното коментира, пред стручното коментирање да те напушти тебе“, – изјави Карагер.
"It's now fair to say, the football hasn't left him!"
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 1, 2026
Jamie Carragher is embracing the Casemiro redemption arc 😅 pic.twitter.com/OB4tgyTI6h








