Бунтовникот Бензема прави предавнички трансфер во Саудиска Арабија

Дерби

02/02/2026

11:01

391

Големина на фонт

а а а

Карим Бензема е во завршна фаза да ја оствари две иполгодишната етапа во Ал Итихад зад себе, откако францускиот напаѓач реши да отвори бунт против клубот, незадоволен од понудата која му била доставена како опција за нов договор.

Капитенот на тимот не даде никаква изјава во јавноста, но се „прецрта“ за последните натпревари кои ги играше неговиот тим, а ваквиот радикален потег се знаеше дека ќе донесе посериозни последици.

Ал Атихад како клуб не презема дисциплински мерки против својот напаѓач, но како што стојат работите, одговорните луѓе на клубот веќе се подготвуваат за ерата по францускиот голгетер.

Најугледните медиуми од Саудиска Арабија ексклузивно пренесуваат дека Бензема ќе направи предавнички трансфер во најскоро можно време, откако поранешниот напаѓач на Реал Мадрид ги договорил сите услови со големиот ривал на Ал Итихад, лидерот во шампионатот Ал Хилал.

Карим ќе го замени жолтиот дрес со синиот на Ал Хилал, а според последните информации, договорот ќе биде во важност до крајот на 2027-ма година.