Одлична работа: Не се гигант, но продадоа двајца играчи за речиси 100 милиони евра

Макфакс

02/02/2026

15:01

257

Големина на фонт

а а а

Едниот заминува во Ливерпул, другиот во Саудиска Арабија.

Ливерпул ќе го доведе 20-годишниот француски дефанзивец Жереми Жаке од Рен, откако клубовите договорија обесштетување за трансферот во износ од 55 милиони фунти (околу 63,5 милиони евра), со бонуси кои ќе бидат утврдени со договорот, пренесува германската агенција „dpa“. Според договорот меѓу клубовите, Жаке ќе остане во Рен до крајот на оваа сезона, а дури на лето ќе се пресели на Анфилд.

За купувањето на Жаке со Рен преговараше и Челси, но неколку фактори пресудија во корист на Ливерпул. Рен сакаше да го задржи дипломецот на својата фудбалска академија до крајот на сезоната, а тоа беше и желба на самиот Жаке, што за Ливерпул не претставуваше проблем. Можниот заминување од Анфилд на дефанзивецот Ибрахима Конате, кому договорот му истекува во јуни, исто така не е занемарлив фактор, бидејќи во одбраната на Ливерпул би се отворил простор токму на позицијата на Жаке.


Францускиот репрезентативец до 21 година оваа сезона одигра 19 натпревари за Рен, а неговите импресивни настапи доведоа до зголемен интерес за трансфер. Челси во него гледаше можна замена за повредениот Леви Колвил, кој најверојатно нема да настапи до крајот на сезоната, но и долгорочна инвестиција на многу чувствителна позиција, што во клубот го поставија како приоритет при ангажирањето нови играчи.

Во меѓувреме, Рен реализираше уште еден значаен трансфер. Клубот објави дека го продал 18-годишниот млад француски репрезентативен напаѓач Кадер Меите во саудискиот Ал Хилал за 30 милиони евра.


Меите оваа сезона постигна три гола на 19 настапи во сите натпреварувања. За младата репрезентација на Франција досега одигра три натпревари.