Алкарас до своите „хејтери“: Им покажав дека грешат!

Дерби

02/02/2026

10:57

215

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас ја заврши 2025-та година како најдобар тенисер и тоа беше круна на неговата извонредна сезона, но кога течеа подготовките за новата, пристигна информација која никој не ја очекуваше.

Разделбата со долгогодишниот тренер Хуан Карлос Фереро пристигна како „гром од ведро небо“ за цела тениска јавност, па откако се доби впечаток дека Алкарас бил тој кој не се погрижил за продолжување на соработката, популарниот Карлитос наиде и на доста критики во својата родна земја.

Одредени медиуми отидоа чекор предалеку и прогнозираа дека Алкарас нема да биде доминантен какошто беше со Фереро, но веќе првиот грен слем во сезоната ни покажа дека тоа не е случај.

Алкарас вчера го освои Аустралијан Опен со победата над Ѓоковиќ и стана најмладиот тенисер кој ги комплетирал четирите титули на грен слем турнирите, па откако стивнаа впечатоците и почна да размислува со ладна глава на прес-конферецијата, тенисерот од Мурсија им испрати порака и на хејтерите.

– Не играв за да докажам дека можам и без Фереро, не играв за луѓето кои се сомневаа во мене. Дојдов тука да играм за мене и за мојот тим. Само ние знаеме колку напорно работевме во пресезоната за да бидеме подготвени за овој турнир. Има многу работи на кои мислите пред еден голем турнир, но најважен е крајниот исход. Овој успех е доказ дека многумина грешеа, им покажав дека грешат, – изјави Алкарас.