[ФОТО] Избрани се најдобрите: Гидсел е МВП, ова е ол-стар тимот на ЕП

Дерби

01/02/2026

14:49

152

Големина на фонт

а а а

Пред самата завршница на Европското првенство и дуелите за медали во Хернинг, објавен е најдобриот тим на турнирот, но и асовите кои го добија признанијата за најкорисен играч (МВП), дефанзивец и најквалитетен млад играч на настанот на кој учествуваше и македонската репрезентација.

Сосема очекувано МВП признанието заврши во рацете на Матијас Гидсел кој стана прв Данец со ваква награда. Дефанзивец број еден е Салвадор Салвардор од Португалија, додека неговиот сонародник Франциско Кошта е најдобар млад ракометар на ЕП.

Инаку идеалниот состав беше избран од фановите, мислења на стручна комисија и официјална потврда од ЕХФ.

Ол-стар тим:

Голман: Андреас Волф (Германија)

Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)

Лев бек: Симон Питлик (Данска)

Среден бек: Гисли Кристјансон (Исланд)

Десен бек: Франциско Кошта (Португалија)

Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)

Пивот: Јоханес Гола (Германија)

Најдобар дефанзивец: Салвадор Салвадор (Португалија)

Најдобар млад играч: Франциско Кошта (Португалија)

МВП: Матијас Гидсел (Данска)