Арне Слот планира да го зголеми бројот на Холанѓани во сениорскиот тим на Ливерпул и ќе ангажира сонародник кој треба да ја засили одбраната на англискиот шампион.
Се работи за Лутшарел Хертруда, актуелен фудбалер на РБ Лајпциг, кој во првиот дел од сезоната беше позајмен во редовите на Сандерленд.
Хертруда соработуваше со Слот во Феенорд, може да настапува на повеќе позиции во одбраната и посебно важно во моментов, на позицијата десен бек.
По повредата на Фримпонг и фактот што Бредли нема да се врати до крајот на сезоната, Ливерпул има проблем да ја покрие позицијата десен бек, а Хертруда во иднина може да помогне и на друга позиција во одбраната, па дури и во средниот ред.
Проблем за Слот е што Сандерленд нема обврска да го ослободи Хертруда во овој дел од сезоната, па Ливерпул ќе треба да се договори не само со Лајпциг, туку и со премиерлигашкиот ривал за ваков трансфер.






