Љубителите на кафе избраа: Кафулето „Drip“ е новиот синоним за најдоброто кафе

Точка

31/01/2026

13:17

303

Големина на фонт

а а а

Во свет каде сè се движи брзо, културата на пиење кафе е нашиот момент за себе. Во Скандинавија „фика“ кај нас „ајде на кафе.“

Токму таа автентична, урбана приказна беше во фокусот на иницијативата „Кафе со Diners“, која по неколку неделна потрага по омиленото место за пиење кафе, го круниса својот победник.

Со преку 50 пријавени кафулиња од цела Македонија, признанието за најдобро „Кафе со Diners“ и награда од 1000 евра годинава оди во рацете на Drip Coffee, кафулето кое успеа да ги освои срцата (и непцата) на љубителите на кафе со својот бескомпромисен квалитет, посветеност на занаетот и специфичната атмосфера која го прави градот поубаво место за живеење.

Повеќе од натпревар – славење на локалниот дух

Натпреварот не беше само за тоа кој прави подобра пена на капучиното. „Кафе со Diners“ се роди како платформа за поддршка на малите бизниси, баристите и креативците кои стојат зад шанкот. Без фокус на бројки и трансакции, Diners Club Macedonia го насочи вниманието кон искуството – оној момент кога првата голтка кафе го дефинира денот.


„Сакавме да го слушнеме гласот на заедницата и заедно да ги мапираме местата што му даваат душа на градот. Drip не е само локал, тоа е заедница, а Diners Club е тука за да ги препознае и поддржи токму тие вистински вредности,“ велат од компанијата.

Зошто токму Drip coffee?

Преку отворена номинација и гласање, публиката јасно кажа дека кај Drip coffee се цени автентичноста. Ова признание е потврда дека во Скопје и тоа како живее сериозна кафе-култура која знае да направи разлика помеѓу обичен пијалак и врвно баристичко ремек-дело. Но, ова е само почеток. Натпреварот продолжува еднаш годишно како ветување до градот дека Diners секогаш ќе ги поддржува оние кои создаваат магија во секоја филџан кафе.

Diners Club продолжува да биде активен чинител во поддршката на локалната сцена, докажувајќи дека е многу повеќе од платежна картичка, тој е партнер во креирањето на секојдневните урбани ритуали.

Следното кафе? Се гледаме во Drip.