Карлос Алкарас и Александер Зверев приредија атрактивно тениско шоу за фановите ширум светот, а Шпанецот по жестока борба и повеќе од пет часа на теренот, успеа да обезбеди свое прво финале на Аустралијан Опен.
Алкарас влезе како фаворит во полуфиналето, ги доби првите два сета со 6:4 и 7:6, но се соочи со проблем со грчеви и болки, па по медицинскиот тајм-аут не играше на истото ниво.
Зверев го искористи тоа, сервираше одлично и му парираше на Алкарас, па успеа да ги добие следните два сета во тај-брејк за израмнување и можен пресврт.
И во петтиот сет моментумот беше на страната на Зверев, германскиот тенисер експресно направи брејк и ја одржуваше таа предност до 5:4, кога сервираше за победа. Но, Алкарас успеа да го возврати ударот, а потоа и да ги освои следните два гејма за конечни 7:5.
Мечот траеше 5 часа и 27 минути и ќе остане запишан како најдолго полуфинале во историјата на АО.
Алкарас во недела ќе се бори за прв трофеј во Мелбурн, а противник ќе му биде подобриот од мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ.








