Стерлинг во преговори со седум клубови кои играат во ЛШ

Дерби

30/01/2026

12:22

114

Големина на фонт

а а а

Рахим Стерлинг има уште кратко време да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата и кој клуб ќе биде негова следна дестинација по разделбата со Челси.

Поранешниот англиски репрезентативец долго беше во втор план во редовите на Челси и конечно ќе може да добие нова шанса да се бори за соодветна минутажа, а англиските медиуми тврдат дека преговара со дури седум клубови.

Сите се дел од европската елита и ќе играат во продолжението од Лигата на шампионите, па иако неговите агенти не споделуваат детали, познато е дека од англиските клубови заинтересиран е Тотенхем, а во ова друштво е и Наполи.

За клубовите надвор од Англија проблем може да биде големата плата која Стерлинг ја добиваше во редовите на Челси, па останува да се види дали и со кого фудбалерот ќе направи компромис во овој сегмент.

Стерлинг беше доведен во Челси во периодот кога менаџер беше Томас Тухел, но по отказот за Германецот не се снајде најдобро со неговите наследници и целосно беше неутрализиран од Енцо Мареска.