Баерн Минхен под водство на искусниот Светислав Пешиќ успева да им парира на евролигашите со многу поголеми буџети и амбиции, а вчера германскиот тим го изненади и Хапоел на гостински терен.
Нено Димитријевиќ и неговите соиграчи и покрај многуте проблеми со повреди, го задржаа противникот на само 64 поени, стигнувајќи до десеттата победа во годинешното издание на Евролигата.
Она што посебно се издвојува од овој натпревар е изјавата на легендарниот Пешиќ дадена пред натпреварот, а со која тој индиректно најави што може да се случи на дуелот.
– Вечерва се соочуваме со лидерот во Евролигата.
– Дали некој воопшто мисли дека можеме да победиме? Никој. Но, ние доаѓаме со верба во такво нешто, – изјавил Пешиќ, чија екипа имаше одлично издание против Хапоел.
Нашиот Димитријевиќ одигра нешто повеќе од 18 минути, за кои реализираше 11 поени во победата со резултат 64:79.








