„Марка“: Сликата која најдобро ја отсликува дефанзивната апатија на Реал Мадрид

Дерби

30/01/2026

11:58

129

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе не се штедеше по поразот од Бенфика на „Луж“ и беше самокритички настроен кон себе и соиграчите, а за крај го окарактеризира последниот примен гол од голманот Трубин како срамен за целиот тим.

Реал Мадрид загуби со 4:2 и испадна од топ 8 завршница во првата фаза во Лигата на шампиони, што значи дека „кралевите“ сега ќе мора да играа два дополнителни натпревари во плејофот за осминафинале.

Реал ќе го дознае точниот ривал во текот на денешниот ден, но пред да дојде до било каква анализа на следниот ривал во најелитното натпреварување, „Марка“ вели дека Алваро Арбелоа ќе мора сериозно да се позанимава со залагањето и мотивацијата кај неговите играчи.

Во последната акција на мечот, дури осум играчи на Бенфика беа во шеснаесетникот на Реал Мадрид (вклучувајќи го и голманот Трубин), додека од гостинскиот табор, подготовени за бранење беа само четворица играчи.

Реал во завршницата остана без двајца играчи поради црвените картони кои ги заработија Асенсио и Родриго, но и тоа не ги натера останатите да се вратат во одбрана и да помогнат во обидот да се биде што поброен во сопствениот шеснаесетник.

Мбапе и Винисиус беа далеку и чекаа контра, Белингам и уште двајца беа неподготвени за центаршутот по кој гол даде Трубини, па „Марка“ цела оваа срамна слика ја опиша со следните зборови:

– Сликата која најдобро ја отсликува дефанзивната апатија на Реал: Навистина изгледа срамно…