[ФОТО] Исплива ретро топлес фотографија – Тијана Дапчевиќ во поинакво светло за „Тој машки свет“

Точка

30/01/2026

11:33

1.423

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појави топлес фотографија од пејачката Тијана Дапчевиќ направена во некогашниот магазин „Тој машки свет“, а до неа пишува: „Топлес е ОК“.

Фотографијата од прекрасната Тијана Дапчевиќ е објавена на инстаграм профилот „Магазин.мк“, а под неа има и опис:

„Легендарната Тијана Дапчевиќ во 2004 година во списанието „ТОЈ машки свет“. Првиот број на „ТОЈ машки свет“ излезе во април 2004 година. „ТОЈ“ е прво специјализирано списание за мажи во Македонија.


Наменето е за младите, амбициозни мажи, жедни за успех. На современите мажи - динамични, активни, сигурни во себе, ослободени од комплекси, едноставни, отворени, блиски.

Темите биле поврзани со нивниот свет, а тоа е: спорт, забава, хоби,информатичко-технолошки иновации, емоции, здравје, автомобилизам и информатичко-технолошки иновации, емоции, здравје, автомобилизам“.


Инаку, Тијана која освен што е пејачка е и успешна актерка, актуелна е со стендап-шоуто „Менопауза“, кое имаше премиера во ноември лани во Белград.

„Урнебесна монодрама што ги отвора сите теми што жените вообичаено ги шепотат, но сега ги зборуваат гласно, хумористично и без срам, заснована на текст од Данило Вукотиќ, со режија на Раде Вукотиќ. Тијана Дапчевиќ е во улога на жена во менопауза, без влакна на јазикот“, се вели во описот на оваа претстава.