[ФОТО] Соработка што ќе ве воодушеви или разочара: Дали би ги носеле новите кломпи?

Точка

26/01/2026

19:52

378

Големина на фонт

а а а

Компаниите „Lego“ и „Crocs“ имале намера на своите обожаватели ширум светот да им понудат уникатно искуство – модел на обувки што ги спојува препознатливите „Lego“ коцки со предимензионираните „Crocs“ кломпи.

Станува збор за дизајн на обувки што го красат иновативност и автентичност, но и мала доза непрактичност.


„LEGO Групацијата и Crocs се здружија за да ја прослават смелата и бескомпромисна креативност на луѓето“, изјавил Сатвик Сарасвати, раководител за лиценцирање и дизајн на проширени линии и партнерства во „LEGO“ Групацијата.


„Нашата заедничка мисија е да овозможиме самоизразување и ова е само почеток на патување со бескрајни можности“, додал тој.


„Lego Brick Clog“

За самиот почеток на оваа соработка беа претставени кломпите „Lego Brick Clog“. Станува збор за првиот од неколкуте производи што ќе бидат лансирани во текот на 2026 година и подоцна.


Кломпите „Lego Brick Clog“ ќе бидат глобално достапни од 16 февруари по малопродажна цена од 199,99 евра, а ќе може да се купат преку официјалните веб-страници на брендовите.