Мечот за кој зборува целиот тениски свет се одигра меѓу Американецот Бен Шелтон и Валентин Вашеро од Монако.
Шелтон славеше без поголеми проблеми со 3-0, а еден потег на поразениот го воодушеви целиот тениски свет.
Саботниот дуел меѓу Шелтон и Вашеро го обиколи целиот спортски свет. Двајцата се сретнаа во шеснаесетфиналето на Австралијан опен. Американецот Шелтон рутински славеше со 3-0 во сетови (6-4, 6-4 и 7-6), а во осминафиналето ќе игра против Норвежанецот Каспер Руд.
Тенисерот од Монако одигра одличен поен кој им пркосеше на сите закони на физиката. Шелтон имаше силен сервис, а Вашеро со форхенд успеа да направи неверојатен ритерн, по што топчето слета точно на линијата во противничката половина. Го загуби поенот, но неговиот потег стана хит на социјалните мрежи.
Инаку Шелтон моментално е седми на АТП-листата, а Вашеро на 31-то место. Шелтон на Австралијан опен најдалеку стигнал до полуфиналето во 2025 година, додека за Вашеро ова е најдобриот пласман на гренд-слем турнир, откако испадна во шеснаесетфиналето.











