Премиер лигата денеска ни носи уште четири натпревари, а во фокусот ќе биде битката на старите добри ривали Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Овие два клуба низ историјата имале доста пресметки, некогаш двата клуба се „тркаа“ за титулата, сега улогите се изменети, „топчиите“ се во позиција да се натпреваруваат, притискаат за пехарот, додека „црвените ѓаволи“ за Топ 4, Топ 5 местата кои водат во Лигата на шампионите.
Арсенал сигурно ја има улогата на фаворит поради повеќе причини, но овие натпревари секогаш се посебни, има дополнителна мотивација и според некогашниот англиски репрезентативец Џермејн Џенас гостите од Манчестер можат да му направат проблеми на актуелниот лидер на табелата.
-Гледајќи го натпреварот против Манчестер Сити, првото нешто што го видов беше добро извежбана организација и партнерства што се развиваа. На врвот со Мбеумо и Фернандеш, тие се поврзуваа многу, запиша асистенција за Мбеумо за првиот гол на натпреварот. Дефанзивно, ситуацијата со Мартинез и Мегваер исто така изгледа солидно. Касемиро во средниот ред со Коби Мејну – одеднаш, имаше некои партнерства за кои гледате и велите: „О, може да биде тешко да се игра против нив.
-И мислам дека против Арсенал, секогаш кога го гледам Арсенал, не чувствувам дека лесно ги разбиваат тимовите. Очигледно, тие имаат прекини што помагаат, а Габриел Жезис можеби ќе помогне во таа ситуација, но не можете а да не го погледнете тоа и да го видите Јунајтед како игра фудбал со контранапади. И ако го сторат тоа, Мбеумо и Фернандес се одлични опции поради стилот на игра и начинот на кој ќе се одвива овој натпревар.
-Ако Арсенал не ја реши ситуацијата со контранападите многу добро, би можеле да бидат фатени во незгодна ситуација. И мислам дека тие играчи, без разлика дали се Амад Дијало, Фернандеш или Мбеумо, мислам дека ќе предизвикаат проблеми, -вели Џенас во својата анализа.











