[ВИДЕО] Попович се појави во јавноста после неколку месеци, неговиот изглед ги растажи фановите

Дерби

25/01/2026

17:05

489

Големина на фонт

а а а

Грег Попович претрпе поблаг мозочен удар пред повеќе од една година, па иако во прв момент имаше желба да се врати на тренерските задачи, многу брзо стана јасно дека 76-годишниот легендарен стручњак е зрел за пензија.

Здравствените проблеми го натераа Попович да се повлече и да стави крај на една незаборавна тренерска кариера, но сепак реши да остане дел од Сан Антонио и да извршува оперативни обврски за првиот тим, но и за развојниот тим.

Попович решил во живо да го следи натпреварот на Остин Спарс, филијаталата на Сан Антонио, а додека проаѓал на теренот, морал да има придружба поради тоа што не може самостојно да оди.

Оваа слика ги растажи емотивните НБА фанови кои со години го гледаа и уживаа во харизмата на трофејниот НБА стручњак, кој на три дена пред да наполни 77 години доживува нова реалност.

Грег ја промени историјата на Сан Антонио и секогаш ќе има посебно место во оваа франшиза, која под негово водство освои дури пет шампионски прстени.