[ВИДЕО/ФОТО] Интернетот „гори“ од урнебесни мемиња на сметка на танцот на Викторија Бекам на венчавката на синот

Точка

23/01/2026

17:56

701

Големина на фонт

а а а

Бруклин Бекам тврди дека Викториja Бекам „му го украла“ првиот танц со Николa Пелц на венчавката и танцувала несоодветно пред сите гости. Мемињата го преплавија интернетот.

Ако мислевте дека семејството Бекам секогаш е хармонично, Бруклин неодамна ја разби таа илузија. На својот „Инстаграм“ профил тој објави експлозивна приказна во која тврди дека неговата мајка Викториja „му го украла“ првиот танц со сопругата Николa Пелц – и танцувала сосема несоодветно.

„Мајка ми буквално ми го украде првиот танц. Танцуваше… па, да кажеме … баш онака како што не би требало пред 500 гости. Никогаш во животот не сум се почувствувал толку понижен“, призна Бруклин.

Секако, интернетот не можеше да одолее на оваа приказна: мемиња, гифови, шеговити коментари – сè во стилот: „Кога мајка ти ќе ти го украде танцот и ќе направи ТикТок од тоа пред да стигнеш да дишеш“.


Некои фанови дури предлагаат Викториja да започне турнеја под назив „Танцот на Бруклин“, додека други коментираат дека ова е најдобриот момент на „спојување на генерациите“ – Викториja (58) и нејзиниот син (26), во вистинска танцова драма.

Бруклин во својата објава јасно стави до знаење: не е неговата сопруга Николa виновна за затегнатите односи, туку… добро, мама, изгледа, малку претерала на своето „танцово деби“.